МОСТ: Гласањето тече без неправилности, се почитуваат и здравствените протоколи

Од:

Со вкупно 900 набљудувачи распределени на 696 гласачки места, граѓанската асоцијација МОСТ го следи процесот на денешното гласање со што се покриени 20% од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20% од гласачките места во рамките на секоја изборна единица.

Досега не се забележани неправилности на гласачките места а во текот на денот МОСТ ќе одржи уште неколку прес конференции на кои ќе ги изнесе впечатоците од нивните набљудувачи.

„Освен статичните набљудувачи, МОСТ обезбеди и 55 мобилни тимови составени од по двајца набљудувачи. Во сите 80 општински комисии ќе ја следиме и работата на Државната изборна комисија“, соопштија од МОСТ на првата прес-конференција.

Како и на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ го спроведува проектот согласно Декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на граѓански организации, како и останатите меѓународно признати стандарди за домашно набљудување на изборите.

Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

„Потенцираме дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано „Monitoring 2020“, поседува акредитација од ДИК и овластување од МОСТ исклучиво за овие избори.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста во уште три наврати, и тоа: во 11:00, во 15:00 и во 19:00 часот, а терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите дополнително ќе биде објавен“, велат од МОСТ.

Би можело да ве интересира

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он

ЦУК: Ангажирани нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна

Се бара решение за напукнатиот столб на мостот на Црна, железничкиот сообраќај кај Стоби се уште во прекин