МОСТ: Гласач во Кичево го фотографирал ливчето, интервенирала полицијата

Од:

Набљудувачите на МОСТ информираат дека на гласачкото место 0755, с. Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија. По ова била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор.

На прес конференцијата МОСТ ги објави податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:
Во изборната единица 1 – до 15 часот, одзивот е 35,93, до 16 часот – 39,29, до 17 часот – 42,31, до 18 часот – 45,13 отсто додека во
ИЕ 2 – до 15 часот – 31,78, до 16 часот – 34,88, до 17 часот – 37,88, до 18 часот – 41,06 осто.

Во тројката до 15 часот одзивот е 37,27, до 16 часот – 40,45, до 17 часот – 43,95, а до 18 часот – 47,64 отсто.
Во останатите изборнми единици: ИЕ 4 – до 15 часот – 37,87, до 16 часот – 41,71, до 17 часот – 45,83, до 18 часот – 50,25 отсто,
во ИЕ 5 – до 15 часот – 33,10, до 16 часот – 36,44, до 17 часот – 39,56, до 18 часот – 42,70 осто а во шестката до 15 часот – 24,78, до 16 часот – 28,23, до 17 часот – 31,19, до 18 часот – 33,97 отсто.

На претходните прес конференции МОСТ објави дека нивните набљудувачи не забележале неправилности во гласањето.

Терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите дополнително ќе биде објавен.

Би можело да ве интересира

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он

ЦУК: Ангажирани нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна

Се бара решение за напукнатиот столб на мостот на Црна, железничкиот сообраќај кај Стоби се уште во прекин