Москва ја поддржа одлуката на СПЦ да ја призне МПЦ

Од:

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква да го обнови канонското општење со Македонската црква.

„Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската сестринска црква да ја обнови канонската заедница со Македонската православна црква, Охридската архиепископија“, рече Балашов, истакнувајќи дека тоа претставува „надминување на полувековниот црковен раскол“.

Претходно, Светиот архиерејски синод на СПЦ излезе со соопштение за „Македонската православна црква – Охридска архиепископија“, во кое го признава канонскиот статус на МПЦ и најави повторно воспоставување на литургиско општење со неа.

Воедно, се забележува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ, раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво согласно канонските и црковните норми и принципи „без геополитичка и црковна политика“.

Би можело да ве интересира

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ