„Монструм“ продолжува на 17 јануари следната година

Од:

Со прикажување на ПИМ на 17 јануари 2019 година во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

На доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО. Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.

Денеска во вкрстено испрашување од обвинетиот Фејзи Азири, искази даваа вешти лица од Судска медицина кои ја извршиле обдукцијата на убиените момчиња и балистичари од МВР.
Семејствата на убиените момчиња и рибарот не присуствуваат на рочиштето.

Би можело да ве интересира

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски