Монографија за резултатите од истражувањата на Скопското Кале

Од:

„Скопската тврдина Кале од праисторија до раната антика“ е насловена монографијата за овој значаен археолошки локалитет во главниот град, која содржи научни резултати од десетгодишните интензивни и систематски истражувања на тимот предводен од проф. Драги Митревски, кој е и автор на изданието.  Објавена е двојазично, македонски и англиски, од „ПНВ Публикации“ со финансиска поддршка на Министерството за култура. 

Монографијата содржи факти кои говорат дека на Скопската тврдина од петтиот милениум пред нашата ера до денес, со исклучок на периодот на римското владеење на овие простори, егзистирале десет населби. Митревски во книгата во детали елаборира пет од нив – првата, иницијална, од енеолитот, преку втората и третата населба – кои го покриваат периодот на раното и средното бронзено доба, четвртата или населба од преодниот период на бронзеното во железното време и петтата населба од периодот  на раната антика. 

– Секој наод и културна појава откриена во тие населби е во целост определена и соодветно презентирана во монографијата на проф. Митревски, со што е извршено целосно вреднување на најстарата историја на Скопското Кале, истакна министерката Елизабета Канческа-Милевска на денешната промоција, уверена дека монографијата ќе биде клучна литература за сите кои сакаат да се запознаат со минатото на Скопје. 

Нагласи дека овој локалитет е незаобиколив пункт во познавањето на балканската праисторија, средновековието и отоманскиот период и затоа неговата соодветна заштита и промоција биле еден од приоритетите на Владата на РМ, така што во 2007 година започнале ископувањата на целокупниот внатрешен простор на Калето од над 18.000 квадратни метри. Континуираната егзистенција на тој простор ја потврдуваат и над 13.000 пронајдени артефакти кои, како што рече министерката, ќе бидат изложени во новоизградените музеи на Калето (на предисторијата и на отоманскиот период) и во Музејот на средниот век кој се гради. 

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза