МОН: Училиштето на Вања ќе продолжи со психолошка поддршка за учениците

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања. Невино дете, кое наместо да му се радува на животот, не по своја волја и вина, замина во вечноста, испраќајќи порака дека општеството и граѓаните мора повеќе да ги прифаќаат и да ги шират вистинските вредности за мир, толеранција, почитување и ненасилно однесување, се наведува во денешното соопштение на МОН.

– Сочувство, но и јавна благодарност изразуваме до раководството и наставниот кадар во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ за високата посветеност и одговорност во работењето, кои воедно реагираа брзо и го алармираа семејството на ученичката за нејзиното отсуство од наставата, се додава во соопштението.

Дополнително и по трагичниот настан, како што велат од МОН, училиштето останува добро организирано, обезбедувајќи ја целокупната психолошка поддршка за сите ученици, со цел зачувување на менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација.

– Министерството е во постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар, составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи. Во меѓувреме, сите заедно да се заложиме вакви настани да не се повторуваат. Да бидеме подобри луѓе. Одговорноста е заедничка. Почивај во мир, драга Вања, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Обвинителство прибавува докази за Палчо, истрагата за останатите осомничени во завршна фаза

Горан Наумовски

Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоосомничениот Палевски во притвор

Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Горан Наумовски

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Горан Наумовски

Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор

Горан Наумовски

Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор