МОН: Свети Николе ќе добие современо стручно училиште и подобри услови за сместување на учениците

Од:

Со инвестиција од 25 милиони денари од Министерството за образование и наука, Свети Николе ќе добие современо стручно училиште и многу подобри услови за сместување на учениците кои доаѓаат таму да го завршат средното образование.

Како што соопшти Министерстворо за образование и наука, министерката Мила Царовска и градоначалникот Сашо Велковски денеска го посетија СОУ „Кочо Рацин“ каде што е во тек целосна реконструкција на училишната зграда и ученичкиот дом што функционира во состав на училиштето.

– Со оваа капитална инвестиција, покрај тоа што обезбедуваме одлични услови на учениците за одвивање на наставата, истовремено ги поттикнуваме да се запишуваат во средното стручно образование кое нуди можности за побрзо вработување. Стручните кадри се од суштинско значење за успешно функционирање и напредок на компаниите и за таа цел МОН продолжува во соработка со локалните самоуправи и стопанските комори да го јакне и унапредува стручното образование, изјави Царовска.

Таа посочи дека покрај воведувањето квалитетни и современи наставни програми со кои се унапредува средното стручно образование, во изминатиот период забрзано се работи и на подобрување на условите во училиштата, преку проширување, изградба, реконструкција и опремување со современи кабинети и опрема на училишните згради.

Реконструкцијата на училиштето и ученичкиот дом е почната кон крајот на април и е предвидено да заврши во октомври годинава.

Како што информира МОН, реконструкцијата опфаќа обновување на електрична инсталација, внатрешно уредување на собите, тоалети, прозорци, врати, подови, канализација, водоинсталација и парно греење во домот, како и реконструкција на покривот и училниците.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови