А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МОН: Околу 80 отсто од учениците успешно следат онлајн настава, моделот за учење на далечина е функционален

by А1он06/10/2020 - 10:41437
Share0

Од почетокот на учебната година, бројот на учениците коишто следат онлајн настава е зголемен за околу 10 отсто, информираат од Министерството за образование и наука.

Добивај вести на вибер

-За неполна недела околу 80 проценти од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучија кон онлајн наставата, а овој процент од стартот на годината постојано се зголемува. Останатите, ученици и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн наставата, а како најчеста причина ги посочуваат – лошата интернет конекција или немањето уреди. Министерството за образование и наука е во координација со градоначалниците, локалните самоуправи и директорите на училиштата и се работи на надминување на овие предизвици, информираат од Министерството.

Како што истакнуваат од МОН, моделот за онлајн настава се покажа како функционален и успешен, а наставниците и учениците се задоволни од тоа како се одвива наставата од далечина.

-Апелираме до сите оние кои ја бојкотираат наставата дека секој изгубен ден од учењето е на директна штета на децата. Сите ученици мора да ја почнат учебната година и најважно од сè е образовниот процес да продолжи, велат од МОН.

Од Министерството информираат дека над 98 проценти од учениците од 1-3 одделение следат настава со физичко присуство во училиштата, а нешто помалку од два процента учат од далечина. За учениците кои немаат уреди за онлајн учење, а сепак треба да учат на далечина успешно се емитуваат 15-минутни часови на телевизија преку Националната радио-телевизија.

Исто така, наставниците имаат обврска да им печатат материјали и редовно да им ги доставуваат, но и да бидат во постојана комуникација со нив и нивните семејства, за да го следат совладувањето на наставниот материјал, наведуват од МОН.

monobrazovanieonlajn nastava

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Горан Наумовски29/06/2025 - 13:47

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Горан Наумовски10/06/2025 - 12:52

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on05/05/2025 - 10:17

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Горан Наумовски20/03/2025 - 21:55

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Горан Наумовски26/02/2025 - 21:29

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on19/02/2025 - 23:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен