МОН: Од следниот месец зголемување на платите на вработените во основното, средното и високото образование

Од:

Минатата година платите на вработените во образованието од септември беа зголемени за пет отсто, додека следната фаза, односно следното покачување е предвидено веќе од следниот месец, со опфат на вработените во основното, средното и високото образование, соопшти Министерството за образование и наука во врска со прес-конференцијата на Независниот синдикат за образование и наука.

Како што наведува МОН во соопштението, тие ги поддржуваат барањата на синдикатите за унапредување на правата на вработените во образованието и тоа, како што посочуваат, претставува врвен приоритет за кој имаат изготвено план кој веќе се спроведува.

– Станува збор за реален и остварлив план кој е проектиран согласно буџетските можности. Планот, односно предвидените мерки беа презентирани пред синдикалните организации пред да започне нивната имплементација, за што синдикалните организации истакнаа позитивен став и барање овој позитивен тренд односно заложба за подобри услови и можности за работа да продолжи и во иднина, што секако е прифатено и се спроведува од институциите на системот, велат од Министерството.

Информираат дека континуирано се реализира процесот на трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време согласно доставените барања од страна на локалните самоуправи и се инвестира и во унапредувањето на образовната инфраструктура, со цел обезбедување на подобри услови за образовниот процес на учениците, но и подобри услови за работа на наставниците.

– Веќе е усвоен целосно нов Закон за основно образование кој обезбедува повеќе права и можности за учениците и наставниците, како и Закон за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, кој за прв пат им овозможува да напредуваат во звања и за тоа да добиваат повисоки лични примања, стои во соопштението.

По однос на недостигот на кадар по предметите математика, хемија и физика, од МОН информираат дека ја детектирале состојбата и во таа насока веќе неколку години се доделуваат стипендии во вредност од 18.000 денари на месечно ниво за студенти кои ќе се запишат на студиски програми од овие области, со цел обезбедување на кадар кој потоа ќе пренесува знаење на основците и средношколците.

Би можело да ве интересира

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски