МОН: Лажна вест е дека училиштата продолжуваат со работа од 18 мај

Од:

Лажна вест е дека ќе продолжи школската година на 18-ти мај, напиша на својот Фејсбук профил, министерот за образование, Арбер Адеми.

Лажна вест: Донесена уредба за продолжување на школската година од 18 мај

Лажна уредба со владин меморандум за продолжување на школската година беше споделуван на социјалните мрежи

Posted by A1on.mk on Вторник, 28 април 2020

Откако на социјалните мрежи почна да се споделува наводно донесена уредба од Министерството за образование и наука со која е донесена одлука за продолжување на учебната година и дека учениците ќе се вратат во клупите од 18 мај, министерот Адеми го сподели лажниот документ, прецртан со црвена боја и напиша дека е „лажна вест“.

Министерството за образование исто така ја демантираше информацијата, која денеска е објавена во некои медиуми за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година.

Оттаму информираат дека се работи за лажна информација и документ кој воопшто не е подготвен од страна на МОН и усвоен од Владата.

„Оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови. За сите одлуки кои институциите на системот координирано ги носат за време на вонредната состојба, јавноста е секогаш навремено информирана од страна на службите задолжени за односи со јавност“, соопштуваат од МОН од каде апелираат да не се креираат и шират лажни вести зошто тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба.

Според лажната уредба која што се споделува на социјалните мрежи, учениците треба да се вратат на училиште откако ќе се обезбедат сите услови за настава, во три смени, а часовите би се скратиле од 45 на 30 минути.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови