МОН и Мировниот корпус ќе потпишат меморандум за соработка

Од:

Министерството за образование и наука и Мировниот корпус ќе потпишат меморандум за соработка, договориле министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми на средба со претставници на Мировниот корпус кои во Македонија се вклучени во учењето на англискиот јазик, развојот на дијалог меѓу заедниците и промоцијата на државата.

Како што соопшти Министерството, на средбата Адеми информирал за приоритетите во образованието и за важноста на образованието во општествените процеси, а ја поздравил и волонтерската активност на претставниците на Мировниот Корпус во Македонија.

– Приоритетите и целите на Мировниот корпус дефинирани од моментот на основање се секогаш активни и во голем дел се совпаѓаат со приоритетите на Министерството за образование и наука, истакнал меѓу другото Адеми, се вели во соопштението.

Претставниците на Мировниот корпус информирале за нивните тековни и планирани активности. Потврдија дека за три недели нови 47 волонтери ќе пристигнат во Македонија и ќе започнат со нивната обука и осознавање за спецификите на земјата. Од нив 27 ќе се вклучат во образованието, во курсеви за учење на англискиот јазик, како и во обучување наставници.

Министерот Адеми доби покана да биде домаќин на младите волонтери и да присуствува на давањето заклетва пред амбасадорот на САД, на 28 ноември.

Мировниот корпус е американска невладина организација посветена на светскиот мир и дружење. Организацијата работи преку волонтери кои две години живеат и работат во локалните заедници. Основана е во 1961 година од страна на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски