МОН го осуди организирањето на ученици во политички цели во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар

Од:

Министерството за образование и наука денеска преку соопштение го осуди настанот што се случи во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар каде ученици во придружба на наставниците и персоналот од училиштето стојат под турско знаме и упатуваат војнички поздрав.

– Политиката е неприфатлива во образованиот процес, затоа што го оневозможува овој процес да ги постигне основните цели поради кои се организира – стекнување квалитетно знаење и воспитување на учениците согласно основните општествени и човечки вредности и морални и етички норми. Оттука, законската регулатива отсекогаш го забранувала политичкото организирање и дејствување во училиштата кое соодветно се санкционира, велат од МОН.

Оттаму информираат дека Државниот просветен инспекторат соодветно ќе постапи и ќе одлучи согласно констатираното за време на надзорот.

– Ги повикуваме менаџментите на училиштата, вклучително и на ОУ „М. К. Ататурк“ да се воздружуваат и да спречуваат организирање на било какви активности кои имаат политичка позадина и испраќаат политичка порака, се наведува во соопштението на МОН.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски