Министерството за образование и наука денеска ги објавени прелиминарните резултати од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2017/2018 година.
Во соопштението се наведува дека сите ученици кои се пријавиле на конкурсот се примени, освен оние кои не доставиле комплетна документација.
– По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од три дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука до Комисијата за ученички домови за средни училишта. По завршувањето на рокот за поднесување приговори на 27.07.2017 година, Министерството за образование и наука ќе ја објави конечната листа на примени ученици во јавните ученички домови, се појаснува во соопштението.
Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 28 јули до 4 август или се додека има слободни места, за што контиунирано на веб страницата на Министерството за образование и наука ќе бидат објавувани списоци со примени ученици.
Учениците кои ќе поднесат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7 до 11 август во Министерство за образование и наука, а повеќе информации за документацијата и конкурсот може да најдат на линкот: http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/1896-2017-2023.
Подетални информации за поднесувањето на приговор или конкурсот може да се најдат на фејсбук страницата на МОН, на телефонот: 02/ 3140-147 или на електронската адреса: [email protected]
Прелеминарните резултати се објавени на http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2082-2017-2032.