МОН апелира за непречено реализирање на екстерното тестирање

Од:

Министерството за образование и наука апелира до управите на средните училишта, членовите на СОНК и до сите ангажирани субјекти во реализацијата на процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта), да им овозможат на учениците кои пристигнале во училиштата на однапред дефинираниот термин, непречено да ја реализираат својата училишна и законски регулирана обврска.

Како што соопшти МОН, согласно информациите од кол центрите и ангажираните тестатори и набљудувачи, во ССОУ „Киро Бурназ“ во општина Куманово, на учениците кои пристигнале во училиштето, им било оневозможено да се тестираат, односно да го верификуваат стекнатото знаење, што е спротивно на нивната волја и позитивните законски прописи во Република Македонија. Проблеми со учениците се детектирани и во средните училишта во општина Тетово.

– Тоа предизвикува директна штета по однос на воспитно образовниот процес на учениците и подразбира ограничување на правото на понатамошно образование, односно упис и формализација на високото образование, наведуваат од МОН и ги ги повикуваат членовите на СОНК и сите други одговорни лица во образовниот процес, да не експериментираат со учениците, да не ги злоупотребуваат, да не си поигруваат со нивните судбини и активностите да ги реализираат на начин преку кој нема да предизвикаат реперкусии врз нивното образование.

Би можело да ве интересира

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури