Момчето од Велес имало повеќе убоди во градите

Од:

Дваесет и тригодишниот Адиљ Сулејмани бил мирно и скромно момче, велат неговите пријатели, вознемирени од немилиот настан

Велес – Дваесет и тригодишниот Адиљ Сулејмани од велешкото село Бузалково имал повеќе убодни раби во градите. Обдукцијата на телото на убиеното момче е веќе завршена и резултатите се испратени до Обвинителството во Велес. Полицијата ги истражува причините за убиството и трага по сторителите,пишува Утрински Весник.

Момчето беше пронајдено мртво во четвртокот во близината на фабриката „Киро Ќучук“. Неговото тело го пронашол татко му, во камп-приколка од нивниот имот, каде што до пред некоја година продавале дрва за огрев.

Од СВР Велес информираа дека телото на момчето било пронајдено во 12.30 часот во камп-приколка на плац во близина на фабриката „Киро Ќучук“. Увид на местото на настанот извршија надлежен јавен обвинител, увидна екипа од МВР , СВР Велес и судска медицина.

Пријателите и роднините на убиениот велат дека тој бил мирно и скромно момче. „Избегнуваше конфликти, не важеше за проблематичен тип. Таков беше во селото, а каков бил кога доаѓал во Велес, со кого се дружел, не знаеме“, велат пријателите на убиениот Сулејмани. Според неговите блиски, тој за Велес заминал во вторникот попладне, но не се вратил вечерта, како што најавил, што било повод неговиот татко следниот ден да започне потрага по него.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски