Момчето кое сакало да се разлади во Вардар кај Бистренци пронајдено мртво, телото на обдукција

Од:

Момчето кое вчера околу пладне сакало да се разлади и влегло во реката Вардар кај демиркаписко Бистренци, пронајдено е мртво, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Јавен обвинител наредил обдукција на телото.

Со часови траеше потрагата по момчето од негови блиски и соселани, а крај Вардар присутна била и полицијата, се трагаше во водата и на брегот.

– Најверојатно е удавено, не знаело да плива. Ноќеска стотина лица го баравме до три часот изутрина. Синоќа неколку лица од селото нуркаа во водата, но не е најдено ништо. Сега од пет утрово повторно сме тука покрај реката. Триесетина сме, некои со гуми по водата, останатите се распоредени покрај брегот. Алиштата и телефонот му се најдени покрај реката, изјавија утрово жители на селото, кои не сакаа да бидат именувани.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва