Момче влегло во Вардар да се разлади кај демиркаписко Бистренци и не се вратило, се трага по него

Од:

Дваесет и едногодишно момче од демиркапиското село Бистренци вчера влегло во водите на реката Вардар околу 14 часот, да се разлади додека ги напасувало своите говеда, но досега не е вратено дома, па најблиските и соселани ноќеска и утрово го бараат покрај Вардар и во реката.

– Најверојатно е удавено, не знаело да плива. Ноќеска стотина лица го баравме до три часот изутрина, синоќа неколку лица од селото нуркаа во водата, но не е најдено ништо, сега од пет утрово повторно сме тука покрај реката. Триесетина сме, некои со гуми по водата, останатите се распоредени покрај брегот. Алиштата и телефонот му се најдени покрај реката, изјавија жители на селото.

Тие велат дека случајот е пријавен во полиција. Ноќеска на терен биле и полицајците, цела ноќ од нив имало дежурни на терен.

– И сега има полицајци, се чека јавен обвинител и инспектор. Треба да дојдат нуркачи, додаваат житлите на селото.

Од општина Демир Капија го потврдија случајот и рекоа дека интензивно се трага по момчето.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва