Момчето кое почина од изгореници лажело дека било киднапирано и запалено

Од:

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 4.7.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона Ќојлија, во близина на Меѓународен аеродром Скопје, избувнал пожар на плац од агенција за рент-а-кар, во кој со изгореници по телото се здобил Б.А. (24) од Скопје, по што на 7.7.2024, како последица на изгорениците Б.А. починал.

Според пријавата од Б.А., тој наводно бил насилно пренесен од две лица со возило од насeлбата Ченто до Ќојлија, а таму наводно го натерале да се самозапали. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности за расчистување на случајот.

„Извршен е увид на местото на настанот, при што се подигнати материјални траги, за кои се изготвени соодветни вештачења, а обезбедени се и видео записи од безбедносни камери, повикани се на разговор повеќе лица, едно лице е лишено од слобода, како и други оперативно тактички мерки, при што е утврдено дека Б.А. доброволно отишол на местото на настанот, со запалива течност го полеал контејнерот на агенцијата и го запалил, при што од настанатата експлозија, кај Б.А. настанале повреди по телото-изгореници, од кои на 7.7.2024 Б.А. починал. Со ова е констатирано дека првичната изјава која Б.А. ја дал на полициските службеници, дека наводно истиот бил киднапиран од две лица и насилно пренесен со возило до местото на настанот и притоа истите наводно го натерале да се полие со запалива течност и да се самозапали, не е точна. Од страна на СВР Скопје случајот е расчистен и поднесено е известување до ОЈО Скопје“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски