Момче од Скопје уценувал малолетничка со фотографии со експлицитна содржина

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од сeлото Љубин, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на малолетник” по член 193 и кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија”.

„Во јануари 2023 година, пријавениот уценил малолетничка да му прати фотографии со експлицитна содржина за да не каже на нејзините родители за нивната љубовна врска. А откако му ги пратила сликите, тој ги препратил на нејзините најблиски и на соучениците“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Малолетничка е тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Малолетничка била нападната со нож од поранешното момче

Прилепчанец ја уценувал поранешната партнерка, од неа зел над 500.000 денари

Мајка ја подведувала својата малолетна ќерќа на проституција

Маж допирал малолетничка во училиштен двор во Велес

Полицијата трага по малолетничка од Крива Паланка