Во Ј.З.У. „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја уапсија 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата дека кај нив е донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки.
Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
