А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Со молитва започна протестот пред Собрание

by А1он23/06/2018 - 20:17340
Share0

Протестот организиран од група граѓани „Млади за Македонија“ кој се одржува пред Собранието против промена на името, започна со молитва. Насобраните испратија порака дека само господ знае за Македонија и да и помогне на државата да ги спаси од „лукавиот“.

Добивај вести на вибер

Тие носат транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат на разумност со цел да се зачува уставното име.

Пред Собранието во центарот на Скопје може да се забележи и зголемено присуство на полиција. Поради протестот сообраќајот на улиците „Даме Груев“ и „Васил Главинов“ во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ е пренасочен.

Министерството за внатрешни работи апелираше граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.

На протестот не смее да се дозволи да има луѓе со фантомки на главите, порачуваа организаторите од студентското движење „Млади за Македонија“. На социјалните мрежи тие ги повикаа граѓаните ако забележат лице со фантомка, да му ја симнат и да го предадат на полиција. Тие нагласија дека по никоја цена не се дозволени напади на полицијата.

Кристијан Ландов

imetoprotest

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:03

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Горан Наумовски16/02/2026 - 13:02

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Горан Наумовски04/02/2026 - 15:01

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:34

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски28/01/2026 - 10:4628/01/2026 - 11:06

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Горан Наумовски27/01/2026 - 18:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен