Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Од:

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку социјалните мрежи информира дека поднела иницијативи до Министерство за енергетика и Министерство за животна средина и просторно планирање, со барање за вонреден инспекциски надзор над сите субјекти што поседуваат дозволи за експлоатација на територијата на Струга, но и над оние кои, според неа, работат незаконски и без важечки договори, се наведува во соопштението на Левица.

Според Мојсоска, безредието, институционалната пасивност и корумпираноста во системот довеле до апсурдна состојба – „градот на две води“ да остане без вода. Таа предупредува дека е неопходна итна и сеопфатна контрола на сите концесионери и економски субјекти што вршат експлоатација, со цел да се утврди дали токму тие активности придонеле за актуелната криза.

Воедно, таа упати јавен апел до Министерство за внатрешни работи и до Основно јавно обвинителство Струга да постапат по допрен глас и да не чекаат нов еколошки инцидент за да ги утврдат евентуалните незаконски активности и злоупотреби.

„Не смее да се дозволи поединци да остваруваат милионски профити преку незаконска експлоатација, додека цената ја плаќаат Стружани “, посочува Мојсоска и додава дека „секој купен глас скапо кошта“.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он