Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Од:

Од пет пријавени кандидати за нов член на Антикорупциска комисија еден кандидат донирал пари за ДПМНЕ, а еден кандидат е брат на директорот на Фондот за здравство, реагира на социјалните мережи пратеничката Јована Мојсоска од Левица по денешниот распит јавно интервју спроведено од Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Според неа овие информации фрлаат сенка врз кредибилитетот на процесот за избор на член на тело кое треба да се бори против корупцијата.

– На денешното интервју во Собрание, една од кандидатките изјави дека ’не се сеќавала дека донирала пари за ДПМНЕ и најверојатно грешка било’?! Сигурно на многу од нас им се случува ’по грешка’ да донираат на партијата на власт, реагира Мојсоска.

Во својата реакција пратеничката ја критикува актуеланата власт, оценувајќи „оваа гарнитура е една од најнеспособните власти досега (што во две години не може да се издвои еден значаен проект) – ДПМНЕ очигледно е екстра способно само за да ги зароби и контролира сите институции“, завршува таа.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он