Мојсоска: Сега е моментот да им се покаже на големите играчи дека „Македонија е подалеку од Групчин“

Од:

Дојде време мојата маленкост да ја објави кандидатурата за градоначалник на Струга, како еден од најголемите предизвици во мојот живот, затоа што Струга е местото со кое сум емотивно поврзана, местото кое ми ги подари најдобрите спомени и местото кое ме изградило и растело низ животниот пат. Почувствував дека сега е моментот да го прифатам овој предизвик, затоа што стружани се уморни иднината на градот да се креира надвор од Струга и нашиот град постојано да биде паричка за поткусурување на „големите играчи“. Почувствував дека сега е моментот да им се покаже на големите играчи дека „Македонија е подалеку од Групчин“ и дека борбата не смее однапред да биде предадена, изјави Јована Мојсоска од Левица.

„За жал, Струга е заборавена и целосно игнорирана од секоја власт, полека исчезнува нејзиниот лик и сјај пред налетот на корумпираните шерифи – додека градот служи само за поделба на изборните „победи“ од владејачкиот колач. Градот на Охридското Езеро, кој има реноме во светската поезија, кој создал бројни историски херои, писатели, уметници – сега е препознатлив по уништеното крајбрежје, дивите депонии и хаосот од дивоградби кои демнат на секој чекор.

На овие избори нема да ветувам „брда и долини“, но можам да го ветам она што претходно Левица го покажа – а тоа е бескомпромисна БОРБА, борба водена од принципи и идеи, а не борба за тендери и привилегии. Сигурно ние не сме најдобрите, но покажавме дека имаме волја и срце да се бориме за она во кое веруваме дека е од најдобар интерес за мнозинството, а не за интересите на локалните шерифи. Верувам и знам дека Струга може повеќе, Струга умее повеќе, Струга заслужува повеќе. Нека овие избори бидат пресвртница на која ќе се покаже дека ГРАДОТ Е НАШ – А НЕ НИВНИ, рече Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски