Мојсоска од Левица: Со тројно повеќе сили против естаблишментските партии

Од:

Државната изборна комисија одржа јавна седница на која се усвоија записниците од претходните седници, а потоа се доделија Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати.

На доделувањето присуствуваа овластените претставници на кандидатските листи, а на партијата Левица преставник беше Јована Мојсоска која за прв пат стана пратеник. Нејзината партија Левица освои шест пратенички мандати.

– Во следниот мандат со тројно повеќе сили очекуваме да се спротиставиме успешно на естаблишментските партии – рече Мојсоска по добивањето на уверенијата од претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРО-ДПМНЕ ДПМНЕ одби три амандмани за борба против семејното насилство и поддршка на жртвите

Под вмровската десничарска чизма, Уставниот суд го укина колективниот договор за културните работници и ги погази работничките права на илјадници вработени

Левица поднесе четири законски измени за забрана на рекламирањето брзи кредити

Левица ја спори владината кошничка: Само 3.256 денари за сите режиски трошоци на четиричлено семејство

Левица: Бараме итно ставање на дневен ред на законските измени за заштита од насилство врз жените

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ по желба олигарсите – на работникот му го одзедоа и достоинството, сега му ја меркаат и неделата