Мојсоска: Ќе купуваме нов владин авион зошто повеќе болат колената на премиерот отколку животот на граѓаните

Од:

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил реагираше против најавите на Владата за купување на нов владин авион, нагласувајќи ја катастрофалната состојба во македонското здравство каде луѓето умираат чекајќи термини за преглед:

„Владата ќе купувала нов авион. Во земја каде се чека со месеци за преглед, затоа што нема медицински персонал и соодветна опрема, ниту пак има буџет за превентивни активности во борбата со карциномот, каде од раната детекција на болеста зависи животот на пациентот.

Ќе сме купувале нов владин авион во држава каде нема термини за пет-скен и магнетна резонанца. Стапката на смртност од рак на дојка во 2010 година била 30 на 100.000 жени – во 2023 година 37,5 на 100.000 жени.

Ќе сме купувале нов владин авион, затоа што повеќе болат коленцата на премиерот отколку смртноста од чекање за термин во руинираното здравство” – напиша пратеничката од редовите на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира