Мојсоска: Фрчат тендери за сирења, а фамилиите молат за помош – тоа ли е владиното „Кочани наш приоритет”?

Од:

Додека болницата во Кочани е оставена само со една докторка, владата денес сама си организира трибина „Кочани е наш приоритет”?!. Каков приоритет побогу, кога токму власта не поддржа закон за помош на фамилиите, кога родители кои останале без работа јавно апелираат дека имаат нула помош од државата? Кога пациенти сведочат дека се оставени без креми за третирање, дека болницата во Кочани се опремува со донации од волонтери, вели пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.

„Два месеци е доволно време за болницата во Кочани да се зајакне во капацитетите, да се направи реогранизација на персоналот, па и да се набави една специјализирана када (додека фрчат тендери за кашкавали и сирења). Значи, откако вчера во Собрание пратениците од власта го одбија барањето за Надзорна расправа за Кочани, денес си организираат трибина зад затворени врати – каде никој не смее да постави „незгодни” прашања“, трвди Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира