Могерини-Хан-Брнабиќ: За напредокот на Србија кон ЕУ од клучна важност е нормализацијата на односите Белград-Приштина

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини денеска во Брисел изјави дека е уверена во успех на новата фаза од дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Тоа го кажа денеска на заедничката прес-конференција со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и еврокомесарот Јоханес Хан, по заседавањето на Советот за договор за стабилизација и членство ЕУ-Србија.

Могерини кажа дека не сака да зборува за тоа кога би бил потпишано право-обврзувачкиот договор Белград-Приштина за нормализација на односите, но истакна дека за дијалогот се клучни воспоставување на Заедницата на српски општини и спроведување на постигнатите договори, особоено договорот за енергетика.

Високата претставничка на ЕУ и српската премиерка Брнабиќ нагласија дека за напредок на Србија на патот кон Унијата важна е нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина, како и регионалнат асоработка, а укажаа и на значењето на внатрешниот дијалог за Косово, започнат од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Брнабиќ ја повика Приштина да започне со применување на договорот за Заеднички српски општини како клучен услов за успех на дијалогот и нормализација на односот со Белград.

Таа изјави дека влезот во ЕУ е прва стратегиска цел на Србија, а еврокомесарот Јоханес Хан нагласи дека треба да се искористи новиот бран за приклучување во ЕУ на Западен Балкан.

Могерини нагласи дека вратите на ЕУ се отворени за сите земји од Западен Балкан штом ги исполнат потребните услови и реформи и нагласи дека ЕУ е задоволна со реформите во Србија.

Федерика Могерини и Хан истакнаа дека успехот на српската влада во консолидацијата на буџетот.

Би можело да ве интересира

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините