МОФ го најавува третото издание на ЕNGAGE – конференција за друштвен активизам

Од:

Утре во салата во салата „Империјал“ во Македонска опера и балет, ќе се одржи третото издание на „Engage“ – конференција за друштвен активизам, каде домашни и странски активисти, уметници, новинари, креатори на онлајн иницијативи, блогери и ИТ експерти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавни простори, активизам преку друштвени медиуми, уметност, слобода на изразување, истражување и креирање политики, јавна дебата и помагање на заедниците.

Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како во сферата на друштвените медиуми, така и во физичкиот простор.

Со 20 говорници, 14 презентации, 8 работилници, 300 гости во публика, обезбеден аудио и видео стриминг, ENGAGE ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобруваат општеството во кое живееме.

Презентациите на говорниците се распределени во неколку блокови во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Меѓу потврдените говорници и презентери на годинешниот ENGAGE се: Владимир Милчин (режисер), Владимир Трајковиќ (ФИНКИ), Зоран Бојаровски (Сервис за проверка на факти од медиумите), Бардуљ Марку (Иницијатива “Спас за Радика”), Трајче Јанушев (СТАР – СТАР), Бесфорт Идризи (LajTme), Милчо Велјановски, музичарот Златко Ориѓански, Петар Павлов (Creative Exchange).

Во рамките на конференцијата, работилници ќе одржат: Дарко Булдиоски (New Media MK), Оливера Трајковска (Вин-Вин), Дамјан Здравев (Реактор), Игор Тошевски (уметник и копирајтер), www.Letsfundit.mkи Танго Милонгеро Скопје.

Третото издание на ENGAGE нуди новина за оние кои не сакаат само да присуствуваат на еднодневната конференција, туку и да креираат и спроведат сопствена акација. ENGAGE GENERATOR ќе се одржи на 15 јуни (недела) и нуди работилници со дел од говорниците на конференцијата за осмислување и организирање акции на четири теми: jавна дебата; изразување на јавни простори; мултимедија и интернет и истражување и креирање на политики.

Би можело да ве интересира

Цената на дипломите на Правен факултет покачена за 50 евра

Искра Манојлоска

МОФ бара итно информирање на учениците за матурските испити, и дополнителен термин за полагање

Ана Ололовска

Советодавен сервис за права на млади – платформа за младинско информирање

Ана Ололовска

МОФ загрижен за квалификациските тестирања во средните училишта

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентските домови имаат буџет од 3,5 милиони евра, а студентите јадат по една банана месечно

Искра Манојлоска

Истражување: Студентските трошоци приближно колку месечна македонска плата

Ана Ололовска