Модерна градска плажа во Дојран

Од:

Во Дојран од денеска централната плажа на крајбрежјето, ги пречекува туристите во сосема поинакво светло, со модерни лежалки под балдехини, набљудувачки кули и соблекувална во модерен стил.

– Од денеска и во полн капацитет функционира и новата градска плажа во Дојран во должина од 500 метри со некаде 500 лежалки, комплетно со пропратна инфраструктура како тоалети, спортски терени, спасувачи. Посебно денеска имаме неколку илјади луѓе на плажата, се гледа дека е популарна и понатаму ќе фунционира со полн капацитет. Она што е најважно е тоа што го менува лицето на Дојран, нуди една нова модерна содржина и се подига нивото на туризам во Дојран, со самото отворање на новата градска плажа, рече градоначалникот на Дојран, Борче Стамов.

Од општината нагласувааат дека ќе се работи на уредување на другите плажи, на нивно проширување, за да може целото крајбрежје да нуди исти услови за одморање. Новите содржини се очекува да привлечат и многу повеќе туристи оваа саезона.

Туриститите велат дека условите се многу подобри, иако Дојран генерлано бара уште вложувањта за да биде модерно туристичко место.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран