Мобилната царина откри 10 илегалци од Сирија

Од:

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи – Мобилни тимови, синоќа нешто по полноќ открија 10 илегалци во товарно комбе во близина на ТЕЦ Неготино, соопшти Царинската управа.

– При вршење на рутинска контрола на патниот правец Гевгелија-Демир Капија во близина на ТЕЦ Неготино  запрено е товарно комбе со македонски регистарски ознаки. Царинските службеници побараа од возачот да го отвори делот за товарот,  но во истиот момент тој се дал во бегство, прескокнувајќи ја заштитната ограда покрај автопатот и избегал во непознат правец. Кога возилото било отворено, во товарниот дел се пронајдени 10 лица од Сирија кои не поседувале никакви документи за идентификација, се вели во соопштението од Царинската управа.

Преку дежурниот царински центар, се додава, е известено МВР, а по пристигнување на нивни службени лица, возилото  и лицата им се предадени за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило