МО: ВМРО-ДПМНЕ се држи рецептот за нив месо од бизон, а Армијата да остане без храна

Од:

Откако 11 години ја маргинализираа Армијата, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа дека сегашната Влада обезбеди и повисоки плати и подобри услови (па и исхрана) за припадниците на Армијата. И наместо тоа да го поздрави, лаже и неосновано обвинува. Изгледа сè уште им важи стариот рецепт: тие да јадат месо од бизон, додека Армијата останува без храна, се наведува во реакцијата на Министерството за одбрана на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за јавни набавки во МО.

– Беа на власт доволно долго за да сфатат дека јавните набавки во Министерството за одбрана за прехранбени артикли се наменети за Армијата и се перманентен процес кој не може да зависи од никакви надворешни околности.

Тие обезбедуваат исхрана на војниците кои се на граница, или извршуваат должности на стража или други војнички должности. Таа исхрана е дефинирана во Правилникот за исхрана на припадниците на Армијата донесен уште во 2015 година, заедно со планови и рецептури од кои произлегуваат и овој вид прехранбени продукти.

Повторените лаги и оцрнувања можат само да значат дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека војниците кои се на граница, или извршуваат други војнички должности, не треба да се хранат, се наведува во реакцијата од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник