МО: Нема застој во проектот „АРМ – мој вистински дом“

Од:

Нема застој во реализацијата на проектот „АРМ – мој вистински дом“, наведува Министерството за одбрана во писмената реакција на денешната изјава на претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ.

– Камен – темелникот беше поставен на први октомври и во моментов течат подготвителни активности, но во ниту еден случај не станува збор за застој на проектот. Во договорот со фирмата изведувач избрана во законска процедура на 7 септември оваа година постојат рокови кои се почитуваат, истакнува МО.

Оттаму посочуваат дека целата процедура се одвива согласно законот, односно кон крајот на минатата година од страна на општина Карпош е издадено Одобрение за градба, кое е правосилно. – Министерството уплати 10 од предвидените 24 рати за комуналии кон општина Карпош и кон Град Скопје. Потпишан е Договорот за долготраен закуп на земјиште на 99 години и избрана е банката која ќе биде партнер во проектот, нагласува МО во писмената реакција.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он