МО: На Криволак нема да се користи осиромашен ураниум

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги демантираше наводите објавени на социјалните мрежи, дека на воениот полигон Криволак ќе се користи муниција со осиромашен ураниум.

– Ноторните лаги никому не се од корист. Граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести во пресрет на претстојниот референдум и официјализирањето на членството во НАТО, напиша Шекеринска на својот профил на Фејсбук.

Со реакција излезе и Министерството за одбрана, кое наојостро ги демантира шпекулациите кои се споделуваат на социјалните мрежи дека на полигонот Криволак ќе се одвива гаѓање со бомби кои содржат осиромашен ураниум.

– Министерството за одбрана најодговорно тврди дека ниту сегашните, а ниту идните обуки и тренинзи на нашите партнери од НАТО на полигонот Криволак не се од било каква опасност по здравјето на граѓаните, ниту ќе се користат бомби со осиромашен ураниум, се наведува во реакцијата на МО.

Натаму се наведува дека „ваквите лаги имаат за цел да ја поттикнат недовербата на граѓаните во НАТО и се во функција на негативна кампања за претстојниот референдум“.

– Граѓаните да бидат спокојни, членството на Македонија во НАТО носи единствено поголема безбедност и сигурност за нашата земја, се додава во реакцијата на Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време