МО: Mладите да се пријават на огласот за професионални војници

Од:

Министерството за одбрана (МО) ги повикува сите млади граѓани на Република Македонија да се пријават на објавениот оглас за професионални војници и со тоа да ја искористат можноста да бидат дел од Армијата на Република Македонија.

Како што соопшти МО, селекцијата ќе биде во рамки на максимална транспарентност која вклучува четири фази – поднесување документи, медицински прегледи, психофизички тестови и процес на специјална селекција. Целта е да се продолжи со традиционалното ангажирање на професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.

– Уште еднаш ги повикуваме сите млади луѓе кои се убедени дека можат да ги исполнат обврските во една од најугледните институции во Република Македонија и кои сакаат да придонесат за безбедноста и заштитата на територијалниот суверенитет, да се пријават на јавниот оглас за професионални војници објавен во дневните весници на Република Македонија и на веб страницата на Министерството за одбрана, апелира МО.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време