МО ги обесштети своите вработени кои беа погодени од минатогодишните поплави во Скопје

Од:

Министерството за одбрана (МО) ги исплати средствата за обесштетување на вработените во Министерството и Армијата кои беа погодени во минатогодишните големи поплави во Скопје и околината.

– Во досегашната анализа на Министерството за одбрана, меѓу другото откривме и кршење на Закон за служба во АРМ, во делот на обврските на вработените во Министерството и Армијата, во случај на елементарни непогоди. Се работи за вработени во АРМ и во МО кои биле оштетени во минатогодишните поплави во август 2016 година, а кои согласно Законот за служба во АРМ, член 188 и Колективниот договор, член 91, требало да им биде исплатен паричен надоместок во висина од една просечна плата, околу 22.000 денари, но средствата не им биле исплатени, изјави државниот секретар во МО, Драган Николиќ.

На барање на оштетените вработени во МО и АРМ, додаде, биле направени решенија за исплата на овие побарувања уште во септември 2016 година, но не им биле исплатени и покрај тоа што паричната помош на оштетените им била потребна веднаш, во првите денови по несреќата, односно по поплавата.

– За овој проблем стана збор и на неодамнешната средба на министерката Шекеринска со претставниците на синдикатите во Армијата и во одбраната. Во Министерството направивме ревизија на сите решенија за исплата на овие побарувања и овие обврски и го утврдивме правото на вработените за овие средства. Министерството за одбрана ги обезбеди средствата за обесштетување на вработените и можам да соопштам дека денеска веќе им се исплатени тие средства, парите се префрлени и се легнати на нивните сметки, потенцира Николиќ.

Парите за обесштетувањето, додаде, се обезбедени од буџетот на Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on