МНР започнува нова десетгодишна надворешна политичка стратегија – Рефлексија 20-30

Од:

Министерството за надворешни работи започнува нова доктрина на работата на дипломатијата поставена на три столба, која треба да резултира со нова десетгодишна надворешна политичка стратегија – Рефлексија 20-30, изјави денеска на прес-конференција Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како прв столб на новата стратегија, Османи најави дека започнуваат со широки граѓански консултации, преку кој најави оформување на врските меѓу надворешната политика и потребите на граѓаните.

– Се работи за партиципативни и инклузивни демократски средби, кои ќе се одржуваат во општините и преку кои ќе се обидеме да ги зацврстиме врските меѓу обичниот граѓанин и евроатлантската интеграција на земјата, изјави Османи.

Преку вториот, Османи најави засилување на процесот на инклузивност со организирани тематски конференции за новата стратегија – Рефлексија 20-30.

– Целта е во еден инклузивен и транспарентен процес на највисоко можно академско, експертско, стручно и политичко ниво да се опфатат теми кои се дел од приоритетите на надворешната политика, приближување на нашата држава кон ЕУ, но и вклучувањето во самата Унија, нашето членство во НАТО, односите со соседите, за регионалните иницијативи и воопшто севкупната иднина на Западниот Балкан, нашиот придонес во заштита на мултилатерализмот и самото учество на земјата во други меѓународни организации, изјави Османи.

Како трет столб, Османи најави, овој процес да добие институционална форма, преку создавање на Стратешки совет за надворешна политика.

– Постојано тело, кое ќе претставува еден вид на управувачки одбор, каде по можност најдобрите, најстручните и најискусните ресурси кои ги има државата ќе бидат ставени во функција на следење, анализирање и транспонирање на политичките и стратешки правци на земјата во конкретните политики за надворешни работи, изјави шефот на дипломатијата.

Преку активностите содржани во овие три столба, Османи најави изготвување на десетгодишна стратегија за надворешна политика на Република Северна Македонија – Рефлексија 20-30, која ќе биде претставена и пред Претседателот, премиерот, надлежните комисии и совети во Собранието, а ќе бидат консултирани и меѓународните пријатели – претставниците од ЕУ, стратешките партнери САД и дел од земјите кои досега имаат силен импакт во создавање и развој на држвата.

Би можело да ве интересира

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски