МНР: РМ ги поддржува напорите на меѓународната заедница за ставање крај на насилството во Сирија

Од:

Република Македонија уште од почетокот на сириската криза силно ги подржуваше напорите на меѓународната заедница за ставање крај на насилството во Сирија. Во таа насока, ние ја подржуваме работата на инспекцискиот тим од ОН, чија задача е прибирање на дополнителни докази за употреба на хемиско оружје, што предизвика смрт на стотици невини цивилни лица, соопшти Министерството за надворешни работи.

Република Македонија се придружува кон меѓународната јавна осуда на ваквиот чин со кој се повредуваат основните меѓународни норми. Таквите нарушувања не смеат да останат неказнети, стои во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на гасовод кај Дамаск

Откриена тајна на Асад: Сирија имала непријавена нуклеарна програма

Нетанјаху му се закани на Ердоган: „Не сакам да ја видам Турција на југот на Сирија“

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија