МНР: Работиме на верификација на информацијата дека Груевски е во Будимпешта

Од:

Македонското министерство за надворешни работи, работи за верификација на информацијата на експремиерот Никола Груевски е во Будимпешта.

„Во врска со наводната информација објавена на фејсбук профилот на г-динот Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана“ велат од МНР.

Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил напиша дека се наоѓа во Будимпешта и дека ќе бара азил од унгарските власти, откако претходно полицијата не можеше да го пронајде во Скопје, за да ја отслужува двегодишната затворска казна.

Би можело да ве интересира

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Дипломатска бомба пред самитот во Будимпешта: Хаг бара апсење на Путин

Путин и Трамп ќе се сретнат во Будимпешта

Горан Наумовски