МНР: Нема сознанија за повредени македонски граѓани во земјотресот во Грција и Турција

Од:

Засега нема сознанија за повредени македонски граѓани во земјотресот што ги погоди грчкиот остров Кос и турското крајбрежје, соопшти македонското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на официјалните инфомации од надлежните турските и грчки органи.

Од МНР информираат и дека ниту еден македонски државјанин не се обратил за инфомација или помош. Македонските дипломатски и конзуларни преставништва во Атина и Анкара активно ја следат состојбата и се во координација со турските и грчките институции.

За сите инфомации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Турција и Грција активни се следниве телефонски линии:

Амбасада на Република Македонија во Анкара

Фиксен телефон: + 903 12 439 92 04 ; + 903 12 439 92 08

Мобилен телефони: +905303395884; +905385466691

Канцеларија за врски на Република Македонија во Атина

Фиксен телефон: +30 210 67 49 585

Мобилен телефон: +30 694 501 39 50

Министерство за надворешни работи

Лице за комуникација со медиуми, Силвана Ивановска +389 72 239 052

– Според информациите кои ги објави Агенцијата за управување со кризи на Република Турција (АФАД) на 21.7.2017 година, по полноќ, во заливот Гокова (провинцијата Мугла), каде што се наоѓа туристичкиот град Бодрум, местото го зафатиле серија од над 45 земјотреси од кои најсилниот бил со јачина од 6.3 степени според рихтер. Епицентарот на земјотресот бил во непосредна близина на турскиот град Бодрум и грчкиот остров Кос. Според досегашните сознанија, има две жртви на грчкиот остров Кос, истовремено има и повеќе повредени, воедно земјотресот предизвикал сериозна материјална штета, се вели во соопштеието на МНР.

Би можело да ве интересира

На плажа во Грција, девојче од Србија нападнато од волк: „Ја закачи со шепата“

Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Грција: Нема воени гаранции за Украина по војната

Тепачка на плажа во Грција – ги нападна туристите кои сакаа да пливаат голи

А1он

Грчките државни службеници штрајкуваат 24 часа