МНР: Нема да се потрошат ниту половина од планираниот буџет од 900.000 евра за наем на возила за самитот на ОБСЕ

Од:

Министерството за надворешни работи за потребите на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи во декември во Скопје склучило рамковен договор од околу 900.000 евра за изнајмување на автомобили за возење на дипломатите, но тие ќе почнат да се трошат откако ќе се исцрпат сите можности со ангажирање на возила од институциите и министерствата.

Од МНР велат дека министерството интензивно планира и обезбедува возила од институциите, но заради стандардите кои се предвидени од ОБСЕ, нужно е да има резервна опција доколку истите не се обезбедат.

„Согласно досегашната анализа, веќе половина од потребните возила се потврдени и ќе бидат обезбедени од институциите, што значи дека ни одблиску нема да се потроши планираниот буџет од Рамковниот договор. Предвидувањата се дека нема да се потроши ни половина средства од финансиската рамка“, појаснија од МНР.

Договорот склучен во два дела е веќе објавен на електронскиот систем за јавни набавки, а компанијата „АБЦ Рент а кар турс ДООЕЛ Скопје“ ја понуди најниската цена за изнајмување на автомобили за министерскиот совет на ОБСЕ со кое годинава претседава Македонија.

Според рамковниот договор, изнајмување на комбиња за осум патници и на минибус за 20 патници ќе чини дневно по 19.200 денари без ДДВ, односно до 29.000 денари на ден за ВИП автомобил кој според спецификациите на ОБСЕ треба има минимална ширина од 1.820 сантиметри и минимална должина од 4.767 сантиментри, зафатнина од минимум 1.600 кубици и моќност од најмалку 120 коњски сили. Ова возило мора да биде црно и да не е постаро од 2014-та година, пишува во јавната набавка.

„Понудените цени се цени кои ги дефинира понудувачот. Заради ниската достапност на возилата со потребната спецификација во толкав број, веројатноста цената на истите да биде повисока во понудата е очекувана. Наша цел е да обезбедиме што повеќе возила од институциите и на тоа интензивно се работи, но апсолутно е нужно да имаме поддршка од професионална компанија за оној дел кој ќе недостастува. Станува збор за возила со специфични карактеристики, опрема и перформански кои институциите ги немаат во доволен број, покрај ВИП возилата, ескортни возила, мини ван возилата и автобуси.

Министерската Конференцијата на ОБСЕ преставува најголемиот надворешно – политички настан што било кога е организиран во земјава. Се очекува во Скопје да пристигнат над 70 делегации со приближно 1000 членови на делегациите на највисоко ниво, но и дополнително високи претставници од бројни меѓународни организации. Сметаме дека е недозволиво да не се исполнат стандардите и да не се одговори на обврските кои произлегуваат од обврските за организирање на ОБСЕ Министерскиот совет“, објаснија детално од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов