Странците не знаат како се влегува во земјава – МНР нема информации на англиски, реагираат туристичките работници

Од:

Министерството за надворешни работи никако не успева да ги пласира вистинските информации потребни за влез во државата. Нема страница на англиски јазик на која бизнисмените и евентуално заинтересираните туристи би прочитале кои се условите за влез во земјава.

Има само за Македонци кога патуваат надвор, но и тие информации се стари, од ноември, а сега е јули. И Министерството за здравство, иако најодговорно за овие податоци, нема сајт на англиски во однос на условите за влез во државата. Има само една веб страница „корона вирус“ на која информациите се од 20 мај 2020 година, реагира денеска Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Северна Македонија.

Според Здружението, амбасадите имаат повеќе информации за влез во државава од нашите институции, што е недозволиво.

Во меѓувреме, како што беше речено на прес-конференција, земјава ги губи не само туристите, туки и позициите како туристичка дестинација. Нема чартери, нема автобуси во доволен број, ниту доволно организирани патувања кон Северна Македонија. Слабеат позициите на државава кај традиционалните пазари, додека на регионалниот не се зајакнуваат, а уште потешко може да се размислува за нови пазари. Ова создава впечаток дека туризмот не е препознаен како сектор во економската политика на државата.

Потпретседателите на Здружението, Александар Кузманоски и Асим Меџедовиќ, истакнаа дека дипломатијата потрфли во овој сегмент. И тоа што моментно има малку туристи во земјава, главно од Полска, не е заслуга на државата, туку на бизнис секторот, на иницијативата на туристичките работници и на ризикот што тие целосно го презеле на свој грб.

За подобрување на состојбата, освен силна промоција посебно во регионот, Здружението предлага и поддршка на авиосообраќајот, како и бесплатен паркинг за сите странски возила и авотбуси – мерка која би траела најмалку до стаблизирање на туристичкит сектор.

– Ние континуирано и укажуваме на државата дека не си ја врши работата. Ве упатувам на страниицата на МНР. Нема, не постои информација на англсики јазик, нема инфо за условите за влез во државата на англиски. Како ние да им објасниме на гостите, а не се работи само за туристи, туку и за бизнис. Државата има обврска да пласира квалитетни информации за тоа што се случува, мора редовно да ги апдејтира податоците за ние готови да ги преземеме и да ја ппромовираме, истакна Кузманоски.

Тој дополни дека интерес за земјава има, но недостасуваат информации за проток, за влез и излез.

– Мора да се комуницира со тур-операторите од другите сржави за да добијат сигурност дека сме подготвени како дестинација да ги пречекаме турситите од аспект на безбедност. Ние, како бизнис, многу брзо се престроивме, но не и државата, истакна Кузманоски.

Меџедовиќ соопшти дека чартерите од Холандија се се уште неизвесни, а има и најави дека ќе бидат комплетно откажани.

– Имаше информации дека ќе доаѓаат туристи од Бенелукс и Холандија, како и од Турција, но со оглед дека бевме подолго време во црвена зона и не направиме промоција и директна дипломатска офанзива да се контактираат тие тур-оператори, задоцнивме и се уште доцниме. Од Полска турстите кои се дојдени, пак, се на иницијатива на приватниот сектор. Направени се индивидуални напори и тоа е всушност заслуга на тур-операторот кој сам го презема целосниот ризик, напомена Меџедовиќ.

Здружението смета дека вауечерите за социјалните категории граѓани се добра мерка која ќе има некаков бенефит, но нема да биде доволна да го поддржи туризмот во обликот како лани.

Би можело да ве интересира

Повлечен дипломатсиот пасош на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Катерина Ѓуровски

Да не се патува во Израел, Либан и Иран повика Министерството за надворешни

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието, велат извори во МНР

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ