МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништва, издавањето е без надомест

Од:

Министерството за надворешни работи попладнево информира дека во нашите дипломатско-конзуларни претставништва има доволно патни листови со кои граѓаните можат да се вратат во земјава и дека тие ќе се издаваат без да се наплаќа конзуларна такса.

Во информацијата испратена до медиумите, МНР соопштува дека се олеснува и доставата на патниот лист, односно дека тој може да биде доставен и преку брза пошта.

Досега во Министерството и во дипломатско-конзуларните претставништва ниту еден граѓанин не пријавил проблеми при патување со патните листови или со друг вид на документи со Република Северна Македонија.

– Воедно, информираме дека до овој момент ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Патниот лист им е потребен на сите оние граѓани кои останаа во странство поради тоа што нивните патни документи станаа неважечки по 12 февруари.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов