МНР: Граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници.

„Во тој контекст, потсетуваме дека сѐ уште е на сила препораката на министерството објавена на 28.02.2022 г., сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата.

Воедно, сите државјани на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви:
+7 925 025-98-05 (мобилен)
е-mail: [email protected]

Државјаните на Северна Македонија може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]“, извести денеска МНР.

Соопштение на МНР од 28.02.2022
https://mfa.gov.mk/mk/page/8/post/2870/soopshtenie

Би можело да ве интересира

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

А1он

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот