МНР го осудува инцидентот на одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Од:

Од македонското Министерство за надворешни работи го осудуваат инцидентот кој се случи на одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија остро го осудува вандалскиот и немил инцидент кој се случи на денот на одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на нашиот најистакнат револуционер Гоце Делчев, кој беше извршен од членови на навивачки групи, кои на нецивилизиран начин ги отстрануваа лентите од венците кои беа положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето почит на гробот на Гоце Делчев.

За овој настан, министерството за надворешни работи официјално ја извести Република Бугарија дека надлежните институции на Северна Македонија веќе ги презедоа сите потребни чекори и постапки со цел откривање на сторителите на овој немил инцидент, преку кој се прави обид да се фрли сенка на обележувањето и чествувањето на смртта на Гоце Делчев, на неговиот гроб, но и на угледот на нашата држава и на делегациите од Бугарија кои учествуваа на овој свечен чин на чествување на оваа голема историска личност, значајна за сите нас“, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија