Министерството за надворешни работи го објави Протоколот на кој чекаше македонската јавност подолго време. Документите кои се прикажани се без потписи и печати.
Од протоколот произлегува дека Комисијата за историските настани не може еднострано да ја прекине работата. Ќе се менуваат натписи на споменици, информациски материјали во музеи, учебници во договор со Бугарија. Заеднички активности се предвидени и во туризмот, транспортот, здравството… Заеднички ќе се прославуваат и историски настани и личности.
Предвидена е „рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период“ за периодот од 1945 до 1990 година. Македонија се обврзува да ги отвори архивите за поранешните служби на државна безбедност вклучително полицијата како и военото разузнавање.