МНР: Декларацијата на Благоевград е во спротивност на интенцијата на двете Влади за градење доверба меѓу народите

Од:

Во врска со Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, Министерството за надворешни работи ги осудува непримерните квалификации во содржината кои се однесуваат на македонскиот народ.

„Очигледно е дека ваквите декларација се во спротивност на интенцијата на двете Влади за градење доверба меѓу народите на двете земји, и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување.

Уште еднаш потенцираме дека интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството и во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓу-гранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка“, се наведува во соопштението на МНР.

На седницата на Советот на општина Благоевград на 7 октомври, со 25 гласа „за“, ниту еден „против“ и 4 „воздржани“ е изгласана декларација и е донесено решение со кое отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ се смета за груба провокација.

Советот на општина Благоевград смета дека со отворањето на клубот грубо се прекршува Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и С. Македонија.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток