А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ММФ наесен со нова регионална канцеларија за Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора

by А1он14/06/2019 - 18:15327
Share0

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе отвори нова регионална канцеларија на резидентен претставник за зајакнување на односите со Албанија, Косово, Црна Гора и
Република Северна Македонија. Со седиште во Виена, новата канцеларија ќе помогне во одржувањето на блиски релации со четирите земји, како и со донаторите, меѓународните институции, вклучувајќи ја и Светска банка и австриската Влада, која е важен трговски и развоен партнер на регионот на Западен Балкан.

Добивај вести на вибер

Новата канцеларија ќе биде раководена од Стефани Ебле, која во моментов е шеф на мисијата на ММФ за Косово. Ебле претходно работела на Украина, Грција, Србија и Босна и Херцеговина. Таа ќе ги надгледува локалните тимови во постојните канцеларии во Албанија, Косово и Северна Македонија, кои ќе продолжат со работа и понатаму, се наведува во соопштението на ММФ.

Србија и Босна и Херцеговина, кои имаат активни програми со ММФ, ќе останат со свои претставници.

-Оваа нова канцеларија во Виена ќе биде важен дел од нашите тековни односи со овие четири земји, бидејќи тие се стремат кон пристапување во Европската унија, изјави заменикот на главниот директор на ММФ, Тао Џанг, по состанокот со гувернерот на австриската Народна банка, Евалд Новотни и Харалд Веиглаин, генерален директор во Министерството за финансии, во Виена.

Тој додаде дека поставувањето на канцеларијата како регионална е финансиски оправдано и му помага на Фондот да биде блиску до неговите членки во регионот и водечките развојни партнери.

Канцеларијата ќе започне со работа на есен, а точниот датум дополнително ќе биде објавен.

mmf

Би можело да ве интересира

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Предраг Петровиќ26/04/2025 - 10:33

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски23/04/2025 - 14:0523/04/2025 - 14:47

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ

Предраг Петровиќ14/10/2023 - 14:00

Средба на Заев со заменик на главниот директор на ММФ: Реформските процеси водат кон ефикасна борба против корупција

Наум Локоски15/02/2018 - 17:34

Донација од ММФ за СОС Детско село

Наум Локоски15/02/2018 - 16:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен