МЛД ги објави добитниците на наградата „Трифун Пановски“

Од:

Проф. д-р Јасна Богданска, проф. д-р Елена Трајковска Докиќ, проф. д-р Сашко Јовев, прим. д-р Гордана Кузмановска и прим. д-р Елизабета Зафировска се овогодишни добитници на повелбата „Трифун Пановски“ – највисока професионална награда, што ја доделува Македонското лекарско друштво (МЛД).

Сепак, како што соопшти денеска претседателот на МЛД Горан Димитров, специјалната награда ја добива Македонското здружение на инфектолози за секој поединец инфектолог како првите борбени столбови во пандемијата со КОВИД-19.

-Денес е 7-ми април интернационален ден на здравјето. За жал славењето и честитките околу овој наш празник е покриен со мрачниот вел на пандемијата КОВИД-19 и Македонското лекарско друштво кое влегува во 76 година на своето постоење мораше да ги модифицира своите задачи и дејности. Со инсталацијата на модерното Веб студио минатата година се прејде на он-лајн континуирана медицинска едукација и покрај многуте стручни состаноци, вебинари беше одржан и 20-от Конгрес на Македонското Лекарско Друштво он-лајн со повеќе од 800 учесници кој е единствен во историјата на државата, соопшти Димитров.

Како што додаде, Македонското лекарско друштво оддава голема почит и благодарност на сите лекари и здравствен персонал кои се вклучени во борбата со КОВИД-19.

-Нашата порака и молба до вас драги колешки и колеги, продолжете да вложувате надчовечки напори во борбата против пандемијата, внимавајте на вашето здравје и на вашите најблиски во вашата професионална работа бидејќи вие сте чувари на здравјето на секој поединец во нашата држава, истакна Димитров.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот