Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде докторите констактирале дека има сепса.
Според извори од клиниката, лекарите не можеле да го спасат.
Неофицијално, пред неколку дена момчето имало хируршки зафат на хемороиди во приватна здравствена ординација.
Државниот санитарен и здравствен испекторат за „А1он“ потврди дека имало ваков случај и додадоа дека вршат вонреден испекциски надзор во приватната здравствена ординација за да утврдат дали има пропусти во интервенцијата кај младото момче.
Кристијан Ландов